Метастатски канцер

Метастатски карцином се појавува како резултат на постоење на примарен карцином во одреден дел од телото кој се проширил и на други ткива и органи. Настанува кога клетките на карциномот се инфилтрираат во крвниот и лимфен систем и на тој начин стигнуваат до останатите ткива кај кои се појавуваат метастазите.

Најчесто, канцерогените клетки кои се шират надвор од примарниот тумор преминуваат  во крвотокот. На тој начин, можат да стигнат до секој дел од телото. Најголем дел од овие клетки умираат, но некои може да зафатат нови ткива, при што повторно почнуваат  да растат и да формираат нови тумори. Ваквиот процес се нарекува метастазирање. За да се формираат метастазите потребно е клетките на карциномот да поминат неколку фази : да излезат надвор од примарниот канцер, да навлезат во крвниот/лимфен систем со што би можеле да стигнат до нов орган, да можат да „преживеат“ на новата локализација и да можат да се одбранат од имуниот систем на организмот.

Симптоми

Симптомите на метастатските тумори зависат од големината и локализацијата на метастазите. Некои од метастатските тумори не даваат симптоми. Во одредени случаи примарниот канцер се открива преку симптомите кои ги предизвикал метастатскиот канцер.

Третман

Третманот на канцерот зависи од потеклото на примарниот канцер. Целта на третманот на е да го намали ширењето на канцерот. На пример, доколку примарниот канцер е локализиран во дојките, а дал метастази во црниот дроб, повторно се нарекува метастатски карцином на дојки (а не карцином на црниот дроб) и се третира според  начинот на кој е потребно да се третира карциномот на дојка. Третманот е систематски со хемотерапија и хормонска терапија. Зависно од состојбата, третманот може да вклучи биолошка терапија, радиотерапија, хирургија или нивна комбинација.

Каде најчесто метастазираат примарните карциноми?

Најчести органи каде што примарните тумори може да метастазираат се коските, црниот дроб и белите дробови.

НОВОСТИ И НАСТАНИ

Д-р Душко Михајлоски: Магнетната резонанца 3 Tesla ќе донесе нова ера во дијагностиката

Инвестирањето во најсовремениот апарат за магнетна резонанца 3 Tesla е уште една потврда за определбата на „Аџибадем Систина“ да биде лидер во… Read More

MRI 3 Tesla - Нова ера во дијагностиката

MRI 3 Tesla претставува најсовремен апарат за магнетна резонанца, кој за првпат во…

Радиохирургија на револуционерниот TRILOGY единствено во „Аџибадем Систина“

Радиохирургијата е тип на зрачна терапија со која се третираат тумори, најчесто во…

СВЕДОШТВА

Човечноста е заштитен знак за „Аџибадем Систина“

Извор: Hello Magazin Сите ја обожаваат, ѝ се восхитуваат и ја сакаат. Но, кога лично ќе ја запознаете веднаш сфаќате и зошто. Едноставно ве маѓепсува… Read More

Language